Клои Кардашијан прозборе за проблемите со плодноста: Со Тристан размислуваат дали сурогат мајка е правилна одлука

Instagram

Клои Кардашијан на почетокот на новата сезона на шоуто „Keeping Up With The Kardashian“ откри дека нејзината втора бременост ќе биде од висок ризик за нејзиното и здравјето на бебето, па затоа таа почнала да размислува за сурогат-мајчинство…

Имено, 36-годишната Клои Кардашијан со својот вереник, 30-годишниот кошаркар Тристан Томпсон планирале да го прошират своето семејство, но сега се соочуваат со тешки одлуки. На почетокот на оваа година, лекарите ѝ соопштиле на Клои дека нејзината втора природна бременост би била премногу ризична…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian News (@kardashianvideo)

Клои за ова разговарала со нејзината постара сестра Ким Кардашијан кога почнала да размислува за сурогат мајчинство – опција која честопати ја користат парови кои не можат да добијат деца самостојно. Ким доби две од нејзините четири деца со Канје Вест со помош на сурогат мајка.

Постои 80% шанса да абортирам, што за малку ќе ми се случеше на почетокот на мојата прва бременост“, изјави Клои која е мајка на тригодишната Тру.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Уживав во бременоста. Срцето ми се крши од помислата дека нема да можам повеќе да го доживеам тоа“, признала таа.

Клои и Тристан разговарале со терапевт специјализиран за сурогат мајчинство за да откријат дали ги разбираат сите детали поврзани со тој процес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Тоа е голема обврска, сосема ново поглавје, но ние сме тим и можеме да го направиме тоа“, рече кошаркарот Тристан.

Терапевтот ги фати неподготвени за време на еден дел од разговорот. Тие разговараа за тоа што ќе се случи доколку ембрионот се раздели и тие добијат близнаци или повеќе деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13)

Ако сме благословени со повеќе деца, тоа е Божја одлука“, рече Клои, но била изненадена кога терапевтот ѝ рекол дека нивната сурогат мајка можеби нема да биде согласна со тоа.

Тој ѝ објаснил дека иако станува збор за нивно дете, тоа е тело на сурогат мајка, која има право да ја прекине бременоста доколку се случат вакви непланирани настани. Ова длабоко ја шокирало Кардашијан, која сметала дека сè ќе биде водено од нивните желби, без никакво влијание на сурогат мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот