Клои Кардашијан откри дека била позитивна на коронавирус

Instagram
Instagram

Ѕвездата од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, Клои Кардашијан (34) потврди дека пред неколку месеци била позитивна на КОВИД-19 споделувајќи видео во кое зборува за ужасното искуство. 

Само што дознав дека имам корона“, вели таа во видеото снимено пред неколку месеци. „Во мојата соба сум. Ќе биде добро, но неколку дена беше ужасно“, вели таа.

Клои изјави дека нејзините симптоми вклучуваат кашлање, треска, повраќање, главоболки заедно со температура.

Instagram

Видеото беше објавено еден ден откако нејзината сестра Ким Кардашијан Вест упати беше жестоко критикувана за забавата за нејзиниот 40-ти роденден за време на пандемијата. Таа објави неколку групни фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека е заедно со семејството и пријателите, и никој од нив не носеше маска.

Фотографија од роденденот на Ким Кардашијан / Instagram

Ким во објавата рече „по 2 недели повеќекратни здравствени скрининзи побарав од сите да бидат во карантин, па ги изненадив најблиските со патувањето на приватен остров“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот