Клои Кардашијан: Ќерка ми имаше проблеми со транзицијата кога се вратив на работа

instagram

36-годишната ријалити ѕвезда поминала неколку месеци дома со нејзината двегодишна ќерка Тру во екот на пандемијата, а неодамна морала да се врати на своите работни обврски, со што на нејзината ќерка ѝ недостасувало „вниманието“ што досега го имала од Клои. 

Ќерката на Клои Кардашијан имала „separation anxiety“ кога Клои се вратила на работа за време на пандемијата со коронавирусот.

Сигурна сум дека повеќето мајки се чувствуваат вака. Кога треба да заминеме на работа, нашите деца се загрижени дека се одделуваме од нив“, откри Клои.

Instagram

Тие толку се навикнуваат на вниманието, што кога ќе дојде време да ја вратиме нашата рутина назад, децата стануваат анксиозни. Тоа е лошиот момент на транзицијата. Сега сме добри“, изјавила Кардашијан.

Иако пандемијата на коронавирус е тешка за многу семејства, Клои вели дека е среќна што имала можност да повеќе време со нејзината ќерка.

Instagram

Веројатно никогаш немаше да поминам толку време сама со неа, ако не се случеше пандемијата“, додава таа.

Ѕвездата од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ исто така смета дека е благослов што Тру има можност да помине време со своите братучеди, вклучувајќи ги трите деца на нејзината сестра Кортни, четирите деца на Ким, ќерката на нејзиниот брат Роб и ќерката на Кајли.

Instagram

Ние сме навистина среќни затоа што повеќето луѓе, мислам дека немаат толку многу братучеди или ако имаат, тие се надвор од државата. Првиот месец од пандемијата, не се гледавме воопшто. Сите бевме во своите домови. И, тогаш се случи да сфатиме: „Добро, никој од нас не е болен. Сите сме добри“, и повторно почнавме да се дружиме. За нашите деца таа врска и социјализација е многу важна“, објасни Клои.

Познатото семејство сега се обидувало да се дружи секој викенд, што често вклучувало и забавни активности за нивните деца.

Се обидувам да имаме активности секоја сабота наутро и тоа е толку забавно. Веројатно јас се забавувам повеќе од децата“, ијави Клои за списанието „People“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот