КЛОЕ ГИ РАЗЛУТИ МАЈКИТЕ НИЗ СВЕТОТ: Бесни поради подарокот за малата Тру

клое кардашијан
Профимедиа

Скромноста не е одлика на семејството Кардашијан, особено кога се во прашање нивните најмлади членови.

Клое на својата ќерка Тру ѝ купила детско розово „бентли“, украсено со светки и со испишано име на регистарските таблички. И додека едни беа воодушевени од подарокот, мнозинството всушност и немаше пофални зборови за оваа нејзина постапка.

„Дали знаете како вашите трошоци изгледаат за остатокот од светот? Го сакав вашето семејство, но не можам веќе да ве гледам како трошите на материјални нешта. Тажно“, се вели во еден од коментарите.

Клое само ладнокрвно одговорила дека се работи за играчка и им посакала убав ден на своите следбеници, со порака да се фокусираат на нештата кои ги прават среќни.

„Да, сакам да ја разгалувам ќерка ми. Сакам да ѝ давам и љубов и материјални подароци. На одговорноста ќе ја научам исто така. Сите работиме напорно и вредно, за да можеме да трошиме како што сакаме. Се надевам дека светот го гледа тоа“, порачала Клое.

View this post on Instagram

?I have so much fun with her ?

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот