Клиперси и официјално имаат нов тренер

epa06787568 Cleveland Cavaliers head coach Tyronn Lue responds to questions after the NBA Finals practice at Quicken Loans Arena in Cleveland, Ohio, USA, 05 June 2018. The winner of the best of seven will be the NBA champions. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес клиперс го назначи Тајрон Лу за нов тренер на екипата.

Тимот кој во минатата сезона беше еден од главните фаворити за титулата, но беше запрен во конференциското полуфинале, не ги објави деталите од договорот, освен дека Лу треба да биде главен тренер на клиперси во наредните пет години.

Лу во минатата сезона беше асистент на Док Риверс кој доби отказ по крајот на сезоната, и ќе стане 26. тренер во историјата на ЛА Клиперс.

Ги имаме сите елементи кои се потребни за освојување на титулата – сопственици кои се посветени на таа цел, раководство кое е паметно и елитни кошаркари кои се пример на теренот и надвор од него. Исто така ние сме дел од најдобриот маркет во НБА, односно Лос Анџелес е еден од најомилените градови за играње во оваа лига. Добро ја знам организацијата на клубот, а сега мора напорно да работиме за да дојдеме до титулата – изјави Тајрон Лу.

Пред доаѓањето во ЛА Клиперс, Тајрон Лу од 2016 до 2018 година беше главен тренер на Кливленд кавалирс и во сите три сезони играше во големото НБА финале, а еднаш ја освои титулата.

Како играч, Лу помина 11 сезони во НБА лигата настапувајќи за екипите на ЛА Лејкерс, Њашингтон, Орландо, Хјустон, Атланта, Далас и Милвоки, а со „езерцата“ ја освои и титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот