Клинтон го критикува Сандерс: Никому не му се допаѓа, никој не сака да работи со него

Фото: ЕПА

Клинтон се прикучи во судирот меѓу Сандерс и Елизабет Ворен, неговата актуелна демократска ривалка за овогодинешните избори, која рече дека тој на приватна средба во 2018 година наводно рекол оти жена не може да го победи актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Поранешната кандидатка за претседателка на САД, Хилари Клинтон, во нов документарец го критикуваше својот поранешен демократски ривал и сегашен кандидат за претседателски кандидат од редовите на оваа партија Берни Сандерс. Таа го прогласи Сандерс за неспособен американски сенатор кој „никому не му се допаѓа“.

Клинтон се прикучи во судирот меѓу Сандерс и Елизабет Ворен, неговата актуелна демократска ривалка за овогодинешните избори, која рече дека тој на приватна средба во 2018 година наводно рекол оти жена не може да го победи актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Клинтон во документарецот за платформата Хулу кој ќе биде прикажан во сабота на филмскиот фестивал „Санденс“ рече дека претходно кажаното ја покажува „шемата“ за напади врз жените од кампањата на Сандерс.

Со тоа повторно ја покажа горчината која владее меѓу Клинтон и Сандерс откако тој се покажа подобар против кандидат на демократсите предизбори во 2016 година. Поддржувачите на демократката ги обвинуваат поддржувачите на Сандерс дека со критиките кон Клинтон му помогнале на Трамп да влезе во Белата куќа.

– Со години беше во Конгресот. Го поддржуваше еден сенатор. Никому не му се допаѓа, никој не сака да работи со него, не постигна ништо. Беше кариерен политичар. Тоа се е банално и жал ми е луѓето тоа го поддржуваат – вели Клинтон во документарецот, а открива „Холивуд репортер“.

Истиот магазин неодамна ја праша Клинтон дали се уште стои зад тие зборови, а таа го потврди својот став.

Сандерс, од своја страна, информираше дека „денес се фокусиран на еден монументален момент во американската историја – судењето на отповикувањето на Доналд Трамп“.

– Заедно ќе го поминеме тоа и ќе го поразиме најопасниот претседател во американската историја – објави тој.

Кога репортерите на Капитол Хил го прашаа што мисли за изјавата на Хилари Клинтон, Сандерс одговори: „Ѝ се допаѓам на мојата сопруга кога е добар денот“.

Клинтон ја критикуваше неговата кампања и поради културата на наведување и напаѓање на противниците.

– Ќе кажам само дека тоа не го прави само Сандерс, туку културата околу него. Тоа е водството на неговата кампања. Тоа се неговите истакнати поборници. Тоа се неговите интернет-поддржувачи и неуморните напади на неговите противници, особено жените – рече Клинтон за „Холивуд репортер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот