„Клинтон е ВИНОВЕН за смртта на предаторот“ - Овие осум теории на заговор ги покрена ЛИЧНО Трамп - Слободен печат

„Клинтон е ВИНОВЕН за смртта на предаторот“ – Овие осум теории на заговор ги покрена ЛИЧНО Трамп

Иако Доналд Трамп и пред самиот претседателски мандат беше склон да пропагира различни теории на заговор, ова несекојдневно хоби на некогашниот американски бизнисмен доби големо значење кога тој стана претседател на најмоќната земја на светот. Голема помош при тоа му нуди Твитер, каде заедно со 63 милиони следбеници секојдневно споделува крајно дискутабилни содржини.

Така, актуелниот американски претседател во сабота го повтори тврдењето за наводната вмешаност на фамилијата Клинтон во самоубиството на милионерот, кој беше обвинет за педофилија, Џефри Епстајн. Трамп, го ретвитнал спорниот твит кој гласел:

„Се убил и покрај 24 часовно набљудување? Како да не! Џефри Епстајн имал информации за Бил Клинтон, а сега е мртов. Гледам дека некој на Твитер го обвинуваат Трамп за овој случај, но сите знаеме кој го направил тоа! Ретвитувајте го ова ако се согласувате“, напишал некој дотичен корисник на популарната друштвена мрежа.

Во продолжение следат некои од омилените теории на заговор на Трамп:

Обама не е роден во Соединетите Американски Држави

Доналд Трамп во 2012-та година бил најгласен во обидите да ја дискредитира кандитатурата на Обама со тврдење дека тој не е роден во Америка. Тој дури и се осудил да изјави дека приватен истражител го истражува потеклото на Обама и дека наводната вистина ќе излезе на виделина. Тоа секако не се случило.

Ветерници предизвикуваат рак

Претседателот Трамп на почетокот од оваа година тврдеше дека ветерниците ја смалуваат продажбата на недвижнини за 75%, а дека буката што ја предизвикуваат предизвикува рак. Дури и се обидел во таа прилика да имитира звук на турбини, за да делува поубедливо.

Муслиманите се радувале додека кулите близначки се рушеле

Ова тврдење Трамп го лансираше за време на предизборната кампања во 2015 година. Тогаш тој изјавил дека, додека го гледал рушењето на кулите, приметил дека повеќе илјади луѓе го поздравуваат тој настан. Потоа тој тврдел дека тоа биле Арапи кои живеат во Њу Џерси

Климатските промени не се вистинити

Ова е можеби неговото најопасно тврдење, посебно во контекст на моменталното глобално затоплување. Трамп неколку пати изјавувал дека климатските промени се лаги кои ги предизвикале Кинези:

– Кина не ја чини ништо да ги спречи климатските промени. Тие палат се што може да се запали, – рекол тој во 2016 година.

Иако науката го докажа постоењето на глобално затоплување, Трамп и понатаму останува на своето.

Вакцините предизвикуваат аутизам

Доналд Трамп повеќе пати изјавил дека вакцините предизвикуваат аутизам, дури во една прилика тој тоа и го твитувал:

– Здраво, младо дете оди на доктор и прима многу вакцини. Одеднаш почнува да се менува и не се чувствува добро – тоа е АУТИЗАМ – навел своевремено американскиот претседател.

3.000 луѓе не страдале од ураганот „Марија“

Трамп во 2017 година изјавил дека демократите намерно го зголемиле бројот на загинатите од ураганот кој го погодил Порторико и дека во моментот кога тој го напуштил островот имало меѓу 6 и 18 загинати.

– Во меѓувреме бројот се зголемуваше, но тоа сепак не беше во толкава мера – останал доследен американскиот претседател.

Местење на изборите во 2016 година

Иако победил на изборите во 2016 година, Трамп не бил задоволен што имал помалку гласови од граѓаните од Хилари Клинтон.

Тогаш тој лансирал податоци дека 3 до 5 милиони луѓе гласале илегално и дека во нормални околности би имал сигурна победа.

Руско мешање во американските избори

Во извештајот на американската информациска агенција од 2017 година, стои дека постојат докази за мешање на Русија во изборите кои се случиле година порано. Иако покасно признал дека може постоело руско мешање, тој се спротиставил на сопствената држава тврдејќи дека Русија била против него.

Прочитај повеќе

Бил Гејтс: Моите милијарди покажуваат дека економијата не е фер

Слободен Печат

Напад на Хутите во Јемен, 40 мртви

Слободен Печат

„Женскиот марш“ во Вашингтон со критики кон политиките на Трамп

Слободен Печат

Македонци носеле нерегулиран отпад во Бугарија – сопствениците на компанијатa негираат

Слободен Печат

Над 160 повредени во протестите во Бејрут (ВИДЕО)

Слободен Печат

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам 2020

Алек Стојковски

Остави Коментар

seventeen + four =

Прочитај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Слободен Печат

Приведен новинар кој ја откри локацијата на Макрон

Слободен Печат

Јапонија воведува задолжително спиење на работното место

Слободен Печат

Голема снежна бура во Канада: Затворен аеродромот во Њуфаундленд, илјадници луѓе останаа без струја (ВИДЕО)

Слободен Печат

Солзавецот и водените топови се недоволни: Либанскиот претседател бара војската да ги растера демонстрантите (ВИДЕО)

Слободен Печат

Наезда на скакулци во Африка, најголема во последните 25 години

Слободен Печат