Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT/ERIK S. LESSER

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со ковид-19, соопшти неговиот портпарол.

Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта.

Неговиот портпарол вчера на Твитер напиша дека Клинтон ќе остане уште една ноќ во болница за да продолжи да прима интравенски антибиотици и оти најверојатно ќе биде пуштен денеска, додавајќи дека сите здравствени индикатори се движат во добра насока.

Според „Њујорк тајмс“, кој се повикува на соработник на Бил Клинтон, тој добил инфекција на уринарниот тракт која се развила во сепса.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот