Клинтон: Демократите треба по секоја цена да спречат реизбор на Трамп

Таа истакна дека Трамп не се справи со проблемите пред кои стојат САД.

Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, смета дека демократите треба да направат се што е во нивна моќ да спречат реизбор на актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп.

Таа ова го кажа синоќа на националната конвенција на Демократската партија што се оддржува во виртуелен формат во Милвоки, сојузна држава Висконсин.

– Гласајте за нашиот претседател да биде избран од нас, а не од друга, непријателски расположена земја – истакна Хилари, која беше противканандидат на Трамп на изборите во 2016 година.

Според неа, номинираниот демократски кандидат на изборите годинава, Џо Бајден, и Камала Харис, како како кандидат за потпретседателка, нема да можат да победат со обично мнозинство гласови. Таа истакна дека неопходно е убедливо мнозинство на гласови „за Трамп да не може да ја украде или присвои за себе победата”.

Таа истакна дека Трамп не се справи со проблемите пред кои стојат САД. Поранешниот државен секретар смета дека е погрешно тоа што најбогатите Американци станале за 400 милијарди долари побогати за време на пандемијата, а истовремено 40 милиони луѓе останале без работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот