Клинт Иствуд е причината поради која телохранителите трчаат пред возилото на Ким Џонг Ун (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Кога и да се се појави во јавноста, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун,се појавуваат и снимки како телохранители трчаaт пред неговото возило стануваат хит на интернет.

Тие беа голема атракција минатата година во Сингапур, каде Ким се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа ги видовме уште неколку пати.

Во книгата „Божествената соврешна судбина на брилијантниот другар Ким Џонг-ун“, дописничката на Вашингтон пост, Ана Филфилд открива од каде Ким ја добил идејата за вакво нешто.

– Како мал го гледал филмот „In the Line of Fire“, во кој Иствуд глуми агент на американската разузнавачка служба која го чувала Џон Ф. Кенеди, кога е убиен во 1963 година. Ликот на Иствуд и други агенти трчат пред претседателското возило – појаснува авторката.

Навистина било тешко да се стане телохранител на севернокорејскиот лидер. Кандидатите се бирале од редовите на војската и морале да положат низа тестови, а се оценувале и здравјето, видот, изгледот, личноста, семејната историја. Морале да бидат слична висина со таа на Ким и спаѓале во групата на ретки граѓани на кои им е дозволено да носат оружје во негова близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот