-6.1 C
Скопје

Клиниката за гинекологија ќе добие брзи ПЦР тестови

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска денеска разговарала со министерот за здравство, Венко Филипче кој и најавил дека деновиве Клиниката ќе добие брзи ПЦР тестови со кои ќе имаат резултати за четириесетина минути. Со ова нема да има потреба родилките да се држат во самоизолација.

Во ковид центарот на Гинекологија, како што рече Јовановска на „Топ тема“, има 20 слободни кревети, а сега се зафатени 11, 12 родилки. За девет од нив се чекаат резулати од тестовите дали се позитивни на ковид-19, а една е веќе потврдена позитивна.

Вели дека во Клиниката досега биле породени 20 родилки позитивни на ковид-19. Од персоналот на Клиниката, четворица биле позитивни, а четворица се во изолација.

Прочитајте и...  Ковид-19: Јапонија почна истражување за вакцинираните луѓе

Таа апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и вели дека персоналот на Клиниката е преморен, но и револтиран од граѓаните кои не ги почитуваат мерките.

-Додека тие си ги немаат видено семејствата, некои прават семејни веселби, вели Јовановска.

Поврзани вести

Лавина во Русија: Властите стравуваат дека се затрупани 12 лица

Слободен печат

Почина хрватскиот амбасадор во Франција

Слободен печат

„Децата останаа сираци, без мајка, баба и дедо“: Погребани жртвите и убиецот од трагичниот настан во селото Расно

Слободен печат

Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирус полесно се пренесува

Слободен печат

Портпаролот на Џонсон: Навални веднаш да биде ослободен

Слободен печат

Царовска: Нудиме реформа која се фокусира на знаењата на децата, интеграцијата не значи намалување на часовите

Слободен печат

Остави Коментар