Клиника „Жан Митрев“: Совети како да се заштитите од топлотен бран

жан митрев
Фото: Промо

Секоја година високите температури наштетуваат на здравјето на многу луѓе, особено на повозрасните. Tоплотниот бран може да предизвика исцрпеност, срцев удар или конфузија и може да ги влоши постојните состојби какви што се кардиоваскуларните и респираторните заболувања.

Екстремно високите температури имаат широко распространето влијание врз здравјето на луѓето, земјоделството, екосистемите и инфраструктурата. Тие предизвикуваат и разорни шумски пожари, како оној што избувна во нашата земја во Берово и во Грција пред само неколку денови.

Претставници на Светската метеоролошка организација соопштија дека е забележано невообичаено покачување на температурите што достигнале и повеќе од 30 степени во Норвешка и во други делови од Северна Европа, предизвикувајќи сушење и шумски пожари. Според нив, се очекува зголемување на топлотните бранови. Сепак, треба да се знае дека нивното влијание врз здравјето во голема мера може да се спречи или ублажи.

Општи совети што треба да се применуваат за време на топлотен бран

Според Светската здравствена организација, пожелно е следното:

Следете ги препораките на вашите локални здравствени органи. Одржувајте го вашиот дом разладен со редовно проверување на температурата. Идеалната температура треба да се биде под 32 Целзиусови степени во текот на денот и 24 Целзиусови степени навечер.

Затворете ги прозорците преку ден и спуштете ги ролетните. Отворајте ги прозорците само навечер и рано наутро. Престојувајте во најладната просторија во вашата куќа, особено ноќе. Избегнувајте излегување во најтоплиот период од денот.

Доколку можете, избегнувајте напорна физичка активност. Останете во сенка. Не оставајте деца или животни во паркирани возила.

Одржувајте го вашето тело ладно и хидрирано. Правете ладни тушеви или бањи. Носете лесна, широка облека изработена од природни памучни материјали. Носете капа или шешир со широка рамка и очила за сонце. Користете лесни постелнини и чаршафи, без перници, за да избегнете акумулација на топлина.

Пијте течности редовно, но избегнувајте алкохол и премногу кофеин и шеќер. Не се прејадувајте, јадете помали оброци и почесто. Избегнувајте храна што е богата со протеини.

Доколку примате лекови, консултирајте се со вашиот лекар како тие лекови можат да влијаат врз терморегулацијата и балансот на течности. Чувајте ги лековите на температура под 25 Целзиусови степени или во фрижидер (прочитајте ги упатствата за чување на пакувањето).

Секогаш бидете во контакт со вашиот лекар доколку имате хронична здравствена состојба или
земате комбинирана терапија од повеќе лекови.

Доколку вие (или другите лица околу вас) се чувствувате лошо, имате вртоглавица, слабост, вознемиреност, интензивна жед или главоболка, побарајте помош. Одберете постудени места што е можно поскоро и измерете ја температурата на вашето тело. Пијте вода или овошен сок за да се хидрирате. Веднаш одморете се на ладно место ако имате болни мускулни грчеви; пијте орални раствори за хидратација што содржат електролити и побарајте помош ако топлотните грчеви траат повеќе од еден час.

Посетете го вашиот лекар ако почувствувате невообичаени симптоми или ако симптомите продолжат.

Ако некој има топла сува кожа, делириум/блада, има напади и/или е во несвест, веднаш контактирајте лекар или викнете брза помош.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

*Комерцијален ПР текст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот