Клиника „Жан Митрев“ почна соработка со меѓународното Здружение за медицинска нега на критично болни

Глобалнот ковид-19 регистар ги следи матриците на интензивно болничко лекување речиси во живо.

Согласно заложбите за обезбедување врвни услуги за критично болните пациенти, „Жан Митрев Клиник“ стана дел од глобалниот регистер за вирусот ковид-19, кој го води меѓународното Здружение за медицинска нега на критично болни (Society of Critical Care Medеcine) со седиште во САД.

Податоците кои оваа организација ги собира и обработува, ќе бидат употребени во сеопфатната анализа која се однесува на третманот и резултатите кај пациенти болни од вирусот ковид-19 во светски рамки.

Примарната цел е преку овој регистар во реално време да се направи проценка на безбедноста и ефикасноста на ковид-19 третманите.
Универзалната студија на вирусни инфекции и респираторни болести како набљудувачка студија, ги користи податоците од сите погодни возрасни и малолетни пациенти кои се примени во болница. Нема идентификациски податоци од пациентите. За анализа се користат само анонимни податоци, без генералии, односно само со идентификациски броеви.
Поконкретно, глобалнот ковид-19 регистар ги следи матриците на интензивно болничко лекување речиси во живо.

Соработката која ќе се реализира наскоро, во суштина претставува споделување на однапред специфицирани податоци поврзани со ковид-19, што е од клучно зачење во понатамошниот начин на креирање препораки и протоколи во лекување на најтешко болните пациенти.

Организацијата за медицинска нега на критично болни е формирана во 1970 година во Америка, во неа членуваат повеќе од 100 земји. Таа претставува независно меѓународно, образовно и научно здружение со седиште во САД, кое годинава го слави својот 50-годишен јубилеј.
Членови на ова здружение се здравствени ентитети кои обезбедуваат нега на критично болни или повредени пациенти и е едниствена организација во претставување на сите компоненти кои се дел од ваквиот тип нега.
Ова здружение поддржува истражувања, едукации и лобира за проблеми поврзани со медицинската нега на критично болни. Издаваат три публикации: Медицина во нега на критично болни, Педијатриска нега на критично болни и Истражувања поврзани со негување критично болни, а учествиваат активно и при развивање упатства и препораки заедно со: Канадскиот журнал за анестезија, Американската академија на педијатри и националните извештаи за Американскиот конгрес.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во клиниката „Жан Митрев“.

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот