Климатските промени му нанеле рекордни загуби на шпанското земјоделство

Фото: WLADIMIR BULGAR / Sciencephoto / Profimedia

Климатските непогоди нанесоа голема штета на шпанското земјоделство, која најверојатно ќе достигне рекордно ниво во текот на годината, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Изабел Родригез.

Во периодот од јануари до октомври, штетата изнесува 684 милиони евра, изјави портпаролката Родригез.

Со природни непогоди како што се поплавите предизвикани од обилните врнежи на брегот на Медитеранот во последните недели, конечниот износ на штетите во 2022 година најверојатно ќе ја надмине минатогодишната сума од над 720 милиони евра, додаде Родригез.

Напролет овошните насади беа опустошени од доцниот мраз, а во летниот период посевите беа оштетени од суша.

Инаку во Каталонија се воведе ограничувања за потрошувачката на вода поради повеќемесечната суша, а тие ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион.

Мерките ќе вклучуваат прекин на вода за наводнување на земјоделските култури и индустрија.

На жителите на градовите нема да им биде дозволено да користат вода за пиење за миење на надворешноста на куќите или автомобилите или за полнење базени.

Сушата во Каталонија ќе ги секне фонтаните, земјоделците ќе останат без доволно вода за наводнување

Видео на денот