КЛИМАТСКА КРИЗА: Шпанската влада предложи мерки за борба против климатските промени

Фото: МИА

Шпанската Влада денеска официјално прогласи „климатска криза” и предложи мерки за борба против климатските промени, кои, меѓу другото, вклучуваат и големи задолжителни зони со ниска емисија на гасови во поголемите градови.

Таквите зони, кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на воздухот со намалување на возилата во урбаните области, веќе дадоа резултати во Барселона и Мадрид, како и во многу градови низ светот.

Министерката за животна средина Тереза Рибера на седница на Владата истакна дека според новиот закон, сите урбани области во градовите со над 50.000 жители ќе мора да имаат зони со ниска емисија на гасови.

Мерките ќе бидат испратени во Парламентот во наредните 100 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот