Климатизерите и рестораните го оставија Дубровник без струја

Дубровник/Фото: Архива на Слободен печат

Дубровник и дел од историското јадро на градот останаа без струја, поради што се затворени повеќето објекти во најфрекветниот дел на градот.

Како што пишуваат медиумите, повикувајќи се на хрватската Електродистрибуција, станува збор за сериозен проблем кој ќе треба повеќе време за да се санира, и дека работниците ќе треба да го сопрат и сообраќајот во центарот, каде треба да се замени трансформаторот.

„Системот е преоптоварен во најголем дел поради бројни клима уреди, но и поради рестораните во центалниот дел на градот”, вели градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот