Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови на Денот на победата

Виталиј Кличко/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика граѓаните да останат во своите домови од утре до понеделник, во периодот кога Русија го одбележува Денот на победата, бидејќи западните власти издадоа предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин би можел официјално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, симболичниот ден за Русија.

Иако градоначалникот на Киев формално не воведува полициски час, во тоа време нема да се организираат настани, според објавите на неговите социјални мрежи, јави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека патролите во градот ќе бидат засилени.

– Ако некој сака да оди да положи цвеќе, може да го направи тоа сам… Внимавајте и придржувајте се до правилата за воена безбедност, посочи Кличко.

– Исто така ве замолувам да не ги игнорирате воздушните предупредувачки сигнали и веднаш да се засолните. Во наредните денови постои голема веројатност за ракетни напади во сите региони на Украина. Внимавајте и грижете се за сопствената безбедност!, предупреди градоначалникот на Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот