Кличко ги отвора хотелите во Украина за лекарите и пациентите

твитер

Легендарниот светски шампион во бокс во своите хотели во Украина им дозволува бесплатно сместување за оние кои имаат потреба во борбата со коронавирусот.

Епидемијата на коронавирусот го парализира светот и предизвика бројни реакции од познати личности, вклучително и спортисти кои ги повикуваат луѓето да останат дома.

Голем број на познати спортисти донираат пари во борбата против коронавирусот, а дел од нив поседуваат имоти што ги отвораат за сместување на медицинскиот персонал и пациентите.

-Драги пријатели, она со што се соочуваме денес е многу повеќе од предизвик, соочени сме со историска задача која може да се совлада, „доколку“ работиме заедно на заедничка цел и се поддржуваме едни на други.

Тоа зависи од секој од нас, од нашата одговорност, од нашето вклучување и нашето чувство за достоинство, колку брзо можеме да ја поминеме оваа состојба? – вели Кличко.

Моментно во Украина има 47 потврдени случаи на коронавирус, едно лице е излечено, а три се починати.

Претходно, Роман Абрамович, Гери Невил и Вилфрид Заха тоа го сторија во Лондон, а сега истото го направи и украинскиот боксер.

Легендарниот светски шампион во бокс во своите хотели во Украина им дозволува бесплатно сместување за оние кои имаат потреба.

Ова го објави Мајкл Бенсон, новинарот на „ТалкСПОРТ“, кој исто така посочи дека Кличко испратил порака во која се повикува на обединување на глобално ниво во борбата против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот