Клековски: Го знам Кастриот Реџепи, изненаден сум што остава простор да му се сомневаме во ставот

Не може да се стави еднаквост на излегувањето на Беса од владата и денешното исчезнување, па појавување на пратеникот Кастриот Реџепи. Арјанит Хоџа кога го промени својот став од поддршка на владата во неподдршка, излезе во јавност и ги бранеше своите ставови и не се плашеше од закани, а би требало да се плаши од закани од власта оти власта ги има инструментите за репресија, нив ги нема опозицијата, изјави аналитичарот Сашо Клековски во гостувањето на ТВ Телма.

Тој рече дека факт е дека пратеникот Кастриот Реџепи исчезна и дека пред само неколку дена се потпиша на поддршката за иницијативата.

-Не знам што се случи во овие неколку дена до денеска. Сите знаеме дека се збори за откочување преговорите со Бугарија и можен датум во декември, но тоа не е во овие два дена, тоа е познато подолг период. Не можам да прифатам дека тоа е валиден аргумент, бидејќи тоа и пред 5 дена се знаело, овие 5 дена не сме добиле нови информации. А и да е така редот е да се излезе во јавност и да се брани твој став, рече тој.

Тој додаде дека Кастриот Реџепи го знае над 20 години и дека е „непријатно изненаден што остава простор да се сомневаме во доблесноста и во искреноста на овој став“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот