Клаус: Учеството на Зелените во новата австриска Влада е закана за Чешка

Фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Клаус изјави дека не го разбира и тоа како Австрија ќе ги спроведе енергетските проекти доколку тежи да му сврти грб на гасот, бидејќи старите методи нема да бидат доволни за ги покријат енергетските потреби на земјата.

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус смета дека учеството на Зелените во новата австриска Влада е закана за неговата земја.

– Таа комбинација во владата е закана за нас. Австриските Зелени се опасни за нас, рече Клаус во изјава за австриската национална агенција, укажувајќи на антинуклеарната политика на Зелените.

Чешка, според него, нема добра алтернатива на нуклеарната енергија.

– Немаме реки какви што има Австрија или нешто слично, објасни тој.

Клаус изјави дека не го разбира и тоа како Австрија ќе ги спроведе енергетските проекти доколку тежи да му сврти грб на гасот, бидејќи старите методи нема да бидат доволни за ги покријат енергетските потреби на земјата.

Клаус, активен член во повеќе групи кои се борат против ширењето паника, предупреди на опасноста од „клима-алармизам”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот