Класикот за Федерер, против Ѓоковиќ за трофејот
Рожер Федерер во недела против Новак Ѓоковиќ по 31. пат во кариерата ќе игра гран слем финале, а 12. пат тоа ќе биде на Вимблдон откако во полуфиналето успеа го победи големиот ривал Рафаел Надал со 3:1 во сетови, 7:6,1:6,6:3,6:4. Ова беше јубилеен 40. меѓусебен дуел, Федерер заостанува (16:24) во триумфите но што е поважно, ова беше трета победа во четирите дуели на Вимблдон против Надал.
Рожер Федерер одигра одличен меч со исклучок на вториот сет, многу подобро сервираше од противникот, беше посигурен во размените и на крајот ја однесе победата.
Another record goes the way of @rogerfederer ?#Wimbledon pic.twitter.com/POFYhs74l6
— Wimbledon (@Wimbledon) July 12, 2019
Швајцарецот првиот сет го доби во тај брејкот откако ниту еден тенисер не успеа да го одзеде сервисотна противникот. Надал возврати во вториот сет со убедливи 6:1 но тоа беше се што успеа да го направи Шпанецот во дуелот против Федерер кој во наредните два сета беше подобар тенисер и сосема заслужено се пласира во финалето.
Негов противник во финалето ќе биде првиот тенисер на АТП ранг листата и актуелен бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ кој во меѓусебните дуели води со 25:22. Последниот нивен дуел на Вимблдон беше финалето во 2015 година кое му припадна на Ѓоковиќ со 3:1 во сетови.