Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

epa09297273 Andras Schafer (front) of Hungary reacts during the UEFA EURO 2020 group F preliminary round soccer match between Germany and Hungary in Munich, Germany, 23 June 2021. EPA-EFE/Lukas Barth-Tuttas / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Заврши и официјално групната фаза на Европското првенство, по што ги дознавме и сите осминафинални натпревари.

Дефинитивно најинтересно се очекува да биде на „Вембли“ стадионот во Лондон каде што на 29 јуни Германија ќе ги одмери силите против Англија.

Претходно на 27 јуни во Севиља селекцијата на Белгија ќе се соочи против актуелниот европски шампион Португалија. Еден ден подоцна на 28 јуни во Копенхаген Хрватите за ривали ги имаат Шпанците.

Победникот од дуелот Белгија – Португалија во четвртфиналето ќе игра против подобриот од пресметката Италија – Австрија.

Евро 2020
Осминафинале, двојки –

27 јуни, Севиља
Белгија – Португалија
26 јуни, Лондон
Италија – Австрија

28 јуни, Букурешт
Франција – Швајцарија
28 јуни, Копенхаген
Хрватска – Шпанија

29 јуни, Глазгов
Шведска – Украина
29 јуни, Лондон
Англија – Германија

27 јуни, Будимпешта
Холандија – Чешка
26 јуни, Амстердам
Велс – Данска

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Видео на денот