КЛАСАТА Е ВЕЧНА: Милош Теодосиќ како на „куглање“! (ВИДЕО)

twitter.com/TuttoBolognaWeb

Кошаркарите на Виртус, кои од клупата се предводени од поранешниот селектор на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, ја забележаа четвртата победа по ред во италијанскиот шампионат.

Екипата на Виртус успеа да го совлада составот на Пезаро на гостински терен со резултат 79:94.

Српскиот ас Милош Теодосиќ постигна осум поени, а неговата асистенција „од кош до кош“ кон Џмапаоло Рики беше најатрактивниот потег на овој меч.

Плејмејкерот кој претходно ги бранеше боите на Лос Анџелес Клиперс, ЦСКА Москва, Олимпијакос…уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите асистент во кошарката.

Како на „куглање“, Теодосиќ успеа да ја упати топката до својот соиграч, кој не успеа од прв, туку од втор обид да реализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот