Клајстерс по осум години пауза се врати на тениските терени (ВИДЕО)

twitter/Jimmie48 Photography

Белгиската тенисерка Ким Клајстерс му се врати на тенисот по пауза од дури осум години.
Клајстерс во 2012 година се повлече од тенисот за да му се посвети на семејството и мајчинството, но минатата година одлучи да направи сензационален кам-бек во тенисот.

Белгијката загуби од Гарбине Мугуруза во два сета со 2:6,6:7 на турнирот во Дубаи, но според прикажаното Клајстерс на одредени моменти потсети дека е грен слем шампионка и ги воодушеви навивачите.


– Најголемиот предизвик за мене при враќањето во тенисот беше да усогласам сите свои обврски – како мајка, како сопруга и како тенисерка. Најголемата поддршка ја имав од сопругот кој ме натера на 36 години да се вратам на теренот. Децата често не знаеја дека тренирам бидејќи тоа го правев додека тие беа на училиште – изјави Клајстерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот