КЛ7 ќе биде организатор на меѓународен ракометен турнир

Со учеството на турнирот на унгарски ПИК Сегед и официјално стартува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи.

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 ќе биде организатор и домаќин на меѓународен турнир за млади категории „КЛ7 2020″. На него ќе учествуаат осум екипи од пет ракометни клубови од Македонија и странство.

Ќе учествуваат клубови како Вардар, Металург, РК Еурофарм Пелистер и вице шампионот на Унгарија ПИК Сегед кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони.

Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат:

– Ракометен клуб КЛ7
– Пик Сегед (Унгарија)
– Ракометен клуб Еурофарм Пелистер
– Ракометен клуб Металург

Во втората категорија (2004 и помали) ќе се натпреваруваат:

– Ракометен клуб КЛ7
– Пик Сегед (Унгарија)
– Ракометен клуб Металург
– Ракометен клуб Вардар

Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Со учеството на турнирот на унгарски ПИК Сегед и официјално стартува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи кој е формиран во далечната 1961 година.

Истата ќе се состои и во размена на гостувања, нивни кај нас, наши таму, едукација на тренери, учество на кампови и слично со една цел напредување и усовршување на младите ракометари на патот кон создавањето на врвни играчи.

Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот