ККС бара експертска анализа за мерките за справување со економската криза

Од Синдикатот велат дека нема да прифатат минимална плата и бараат заштита од државата.

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска реагираше на предлогот за намалување на платите во јавната администрација. За нив, овој предлог е неприфатлив. Предлагаат да се консултираат експерти и да се носат поприфатливи предлози во оваа ситуација во која државата се справува со коронавирусот.

– Се поставува прашањето како наеднаш стопанството колабира за две недели или истото дишело на шкрги две години. Како буџетот пред две недели беше во топ форма, а сега наеднаш издиша или се држи на шкрги две години. Сега е моментот да погледнеме на вистината во очи, да ја признаеме грешката, нема повеќе простор за манипулација и во интерес на државата и целата нација да се побара помош од целата експертска јавност во државата, се наведува во соопштението од КСС.

Од Синдикатот велат дека нема да прифатат минимална плата и бараат заштита од државата. – Задолжете се, имате начин и можност, но немојте да не деградирате, велат од КСС.

Оттаму изразуваат поддршка до здравствените работници, полицијата, Армијата и до сите вработени во маркетите кои работат во интерес на сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот