КК Пелистер ќе тестира против поранешни грчки шампиони

Стајиќ заедно со Трајковски ги поведоа новајлиите во новата сезона/Фото: facebook.com/kkpelisterbitola

Како што известуваат од кошаркарскиот клуб на Пелистер, како дел од подготовките за сезоната 2021/22, договорени се две престижни интернационални натпревари.

КК Пелистер ќе тестира против поранешни шампиони на Грција и освојувачи на евро-куповите, Арис и ПАОК.

На 8 септември битолската екипа од 18.00 часот ќе игра против Арис, а 10 дена подоцна и против ПАОК од 14.30 часот. Двата закажани меча е најавено дека ќе се одиграат во Солун.

Тренерот на екипата, Марјан Илиевски продолжуваат со тренинг сесиите ова лето во спортската сала „Боро Чурлевски“ и со споменатите контролки се темпира формата за новата сезона.

Како што е веќе познато, Пелистер ќе настапува годинава во АБА2 лигата. Што се однесува до составот, во изминатиот период објавено е дека Игор Кесар и Никола Малешевиќ ги продолжија договорите.

Македонските репрезентативци Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ како староседелци ги поведоа новајлииите во новата сезона, а новајлии се Димитар Караџовски, Љубомир Младеновски, Марјан Младеновиќ, Стојан Ѓуроски, Дејавид Хогтон и Тејлор Чиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот