Ќерката на Ким во преден план на воената прослава, ќе биде ли таа негов наследник?

Ким Џонг Ун и ќерката/ Фото: STR / AFP / Profimedia

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун вчера донесе девојка за која се верува дека е неговата ќерка на раскошна воена прослава, што многумина веруваат дека е показател дека таа ќе стане следниот наследник на повеќедеценискиот авторитарен семеен режим, пренесува „Си-Ен-Ен“.

На девојчето Џу-ае, кое има околу 9 години, и на нејзиниот татко им се придружи сопругата на Џонг-ун, Ри Сол-Џу. Тие ја посетија касарната за да ја одбележат 75-годишнината од основањето на Корејската народна армија (КПА). Државната новинска агенција (КЦНА) пишува дека глетката на Ким Џонг-ун и неговата ќерка била остварување на сонот за воените службеници присутни на банкетот.

Ким Џонг ун со сопругата и ќерката/ Фото: STR / AFP / Profimedia

На фотографиите од настанот се гледа мало девојче кое оди покрај севернокорејскиот лидер и нејзината мајка додека влегуваат на прославата. На банкетот, малото девојче седеше на средината на масата помеѓу Џонг-ун и нејзината мајка.

Некои политички аналитичари велат дека овој потег е јасен знак дека севернокорејскиот лидер го избрал својот наследник, а првите вакви тези се појавија неодамна, особено откако деветгодишното девојче се појави со нејзиниот татко на пробното лансирање на интерконтинентална балистичка ракета во ноември.

„Имајќи го ова на ум, веќе нема сомнеж дека Ким Џу-ае е наследникот на Џонг-ун. Треба да се обрне внимание на тоа како тоа ќе влијае на внатрешната и надворешната политика на Северна Кореја“, рече Чеонг Сеонг-чанг, висок аналитичар во Институтот.Сејонг во Јужна Кореја, како што објави Си-Ен-Ен.

Владеењето на семејството Ким датира од 1948 година, кога Ким Ил Сунг дошол на власт по Втората светска војна. Кога починал во 1994 година, неговиот син Ким Џонг-Ил ја презел контролата врз земјата. Ким Џонг-ун дојде на власт во декември 2011 година, по смртта на неговиот татко Ким Џонг-Ил.

Од шегите на Ким Јонг Ил до рецепти за ладни тестенини: Најчитаните книги во Северна Кореја

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот