Кјелини прво ќе ве испрати во болница, а потоа ќе ви се извини

Фото: EPA/DI MARCO

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано, смета дека Златан Ибрахимовиќ, е третиот најдобар напаѓач во историјата на фудбалот, додека за Џорџо Кјелини вели дека е личност со две лица, едното на теренот и другото надвор од него.

Ибрахимовиќ и на 39. години ја покажува својата класа, ја препороди екипата на Милан откако во јануари годинава пристигна на „Сан Сиро“, а во новата сезона, „росоњерите“ се лидери во Серија А.

По феноменот Роналдо и Марко Ван Бастен, мислам дека Златан Ибрахимовиќ е трет најдобар напаѓач во историјата на фудбалот. Тој е најкомплетниот напаѓач што сум го видел – изјави Касано во разговорот со поранешниот колега од репрезентацијата, Кристијан Виери.

Касано имаше интересно мислење и за капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини.
Џорџо ќе те испрати во болница, а потоа ќе ти се извини. Тој е еден од најдобрите луѓе кои ги познавам во светот на фудбалот, но на теренот тој не познава никого – вели Касано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот