Кјелини ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната

Џорџо Кјелини вкупно 17 години го носеше дресот на Јувентус/Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Џорџо Кјелини (37) во дресот на Јувентус освои девет титули во италијанскиот шампионат, пет во Купот и пет титули во Суперкупот.

Синоќа после финалето во Купот на Италија соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти торинскиот клуб за кој настапува од 2005 година.

Својот последен натпревар за националната репрезентација ќе го одигра на 1 јуни против Аргентина, а додаде дека не знае дали потоа ќе ја заврши кариерата.

– Не знам, мора да видам со моето семејство. Среќен сум што заминувам оваа година, да им дадам простор на помладите играчи. Тоа е мој избор, тоа го правам со голема смиреност – вели Кјелини.

Пред да го облече дресот на „Старата дама“, беше дел уште од Ливорно, Рома и Фиорентина.

Јувентус ќе ја заврши тековната сезона без трофеј, што е првпат по 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот