Кјелини: Ќе беше подобро Роналдо да си заминеше порано од Јувентус

Кристијано Роналдо три години го носеше дресот на Јувентус пред да се пресели во Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини без влакна на јазикот проговори за трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

Португалецот во финишот на преодниот рок го напушти клубот од Торино и се пресели на „Олд Трафорд“, а искусниот дефанзивец на „Старата дама“ смета дека за неговиот тим ќе беше подобро Роналдо порано да го напушти клубот.

– Роналдо замина на 28 август. Ќе беше подобро за нас да заминеше порано. Плативме нешто за тоа, имаше мал шок во тимот, и ја плативме цената за сите загубени бодови.

Доколку тој заминаше порано, ќе имавме повеќе време да се подготвиме подобро – рече Кјелини.

Да потсетиме, Јуве очајно ја отвори сезоната, но, по неколку очајни резултати на почетокот, тимот се разбуди и врза шест триумфи и моментно е на седмото место на табелата во Серија А со 14 бодови, 10 помалку од водечкиот Наполи на Елиф Елмас.

ВИДЕО: Навивач го сакаше дресот на Роналдо, а потоа се разочара од реакцијата на Португалецот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот