Кјелце повторно ја шокира Барселона во ЛШ

Втора победа на Кјелце над Барселона за една недела/ фото: EPA-EFE/Piotr Polak

Ракометарите на Кјелце за седум дена по втор пат ја совладаа Барселона во Лигата на шампионите, овој пат слацеа со 29:27.

Откако минатата недела Кјелце ја прекина петгодишната доминација на Барселона во ЛШ на домашен терен, вечерва славеа пред своите гледачи и се одлепија на првото место на табелата во групата Б.

Полскиот тим до победата дојде благодарение на одличната игра во финишот кога негативата од 23:27 со неверојатна серија од 6:0 ја претворија во триумф од 29:27. Алекс Душебаев со осум постигнати гола беше најдобар во редовите на Кјелце, додека кај Барселона најпрецизен беше Бенгоечеа со пет постигнати голови.

Актуелниот европски шампион Алборг му се реваншира на Кил за поразот од минатата недела и славеше со 35:33. Кристенсен постигна девет гола за Алборг, додека кај Кил по најдобар беше Екберг со седум гола.

Убедлив триумф оствари и Монпелје од 39:32 над Елверум и изби на првото место на табелата во групата А со 13 бода, два повеќе од Кил. Уго Дескат го предводеше францускиот тим со 11 постигнати голови, додека кај Елверум Грондал даде пет гола.

Хрватскиот шампион ППС Загреб со 31:24 го совлада Мешков Брест и дојде до само еден бод заостаток зад Вардар кој пат својот натпревар против Пик Сегед го игра утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот