Ќе ве изненади: Ким Катрал имала два услова за да се врати во „Sex and the City“

Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER/Инстаграм/„And Just Like That“

Верните обожаватели на култната телевизиска серија „Sex and the City“ се воодушевени од веста дека актерката Ким Катрал ќе ја репризира својата улога во продолжението на серијата – „And Just Like That“.

Како што споделија дел од американските медиуми, ликот Саманта Џоунс ќе се појави во последната епизода од втората сезона на „And Just Like That“, во која таа ќе има телефонски разговор со ликот Кери Бредшо на актерката Сара Џесика Паркер.

Актерките од „Sex and the City“ во 2008 година / Фото: EPA/DANIEL DEME

Сепак, „Пејџ сикс“ дознава дека Катрал не се вратила туку-така во серијата. Според нивните извори, актерката барала да не снима со нејзините поранешни колешки – Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон. Таа повеќе години не е во добри односи со нив, особено со Паркер.

Исто така, таа побарала режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде присутен на сетот.

„Ким имаше два услова, да не глуми со ниту една од нејзините поранешни колешки и да не се види со Мајкл Патрик Кинг“, вели изворот.

ФОТО | Се враќа еден од омилените ликови од „Sex and the City“, обожавателите се пресреќни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот