Ќе се уреди и зазелени просторот помеѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково

Вливот на Лепенец во Вардар / Фото: Јутјуб/принтскрин

Доколку ваквата одлука биде изгласана од Советот на Град Скопје, освен што ќе се уреди просторот, со неа ќе се прецизира и начинот, условите, финансирањето и други прашања заради остварување заедничка цел и интерес.

Партерно ќе се уредува и ќе се озеленува просторот помеѓу реката Лепенец и пречистителна станица Волково во Општина Ѓорче Петров. За таа цел, на следната Седница на Советот на Град Скопје ќе се дискутира за предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров.

Доколку ваквата одлука биде изгласана од Советот на Град Скопје, ќе се воспостави соработка помеѓу Градот и Општината за уредување и озеленување на просторот помеѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково и со неа ќе се уредат начинот, условите, финансирањето и други прашања заради остварување на заедничка цел и интерес.

Вкупната вредност за реализација на меѓуопштинската соработка изнесува 68.500.000 денари со вклучен ДДВ.

– Град Скопје во остварувањето на оваа соработката ќе учествува со геодетски снимања, изработување проектна документација, расчистување на теренот, изградба на пешачки површини, изградба на бунари за полевање со подземни води, поставување урбана опрема, хортикултурно уредување на зелена површина и садење садници, за што се обезбедени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година во износ од 67 милиони денари од кои 37 милиони денари од потпрограма LAA 482 920 и од потпрограма ЈМ0 482930, во износ од 30 милиони денари – стои во предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка.

Општина Ѓорче Петров, пак, во остварувањето на оваа соработката ќе учествува со изградба на урбана опрема – детски игралишта и реквизити и проект за осветлување, во вкупна вредност од 1.500.000 денари обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Ѓорче Петров.

– За реализација на оваа одлука градоначалникот на Град Скопје ќе склучи договор со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров во форма и содржина пропишана со Законот за меѓуопштинска соработка. Градот Скопје активностите предвидени со оваа Одлука ќе ги спроведе преку ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и преку ЈП „Улици и патишта“ – Скопје – стои понатаму во предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за партерно уредување и озеленување на просторот помеѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково во Општина Ѓорче Петров, за која ќе се расправа на следната Седница на Советот на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот