Ќе се произведува зелено гориво за авијација од земјоделски и шумски остатоци
Ербас, заедно со Сафран, Тереос и Технип Енерџис, денес потпишаа договор за основање на заедничко вложување, кое ќе развие еден од најголемите проекти во Европа за производство на одржливо гориво за авијација (SAF) во пристаништето Денкерк во Северна Франција. Планираната фабрика ќе ја користи технологијата „Алкохол-во-џет“ (ATJ), која го претвора етанолот добиен од земјоделски и шумски остатоци во одржливо гориво за авиони.
Препорачано
Фабриката треба да произведува околу 160.000 тони гориво „SAF“ годишно, што би ја сместило меѓу најголемите објекти од ваков вид во Европа. Партнерите објавија дека ќе ја финансираат фазата на развој на проектот, која вклучува инженерски студии и подготовки неопходни за донесување конечна инвестициска одлука.
Според регулативите на Европската Унија, уделот на горивото „SAF“ во авијацијата треба да достигне шест проценти до 2030 година, а 70 проценти до 2050 година, што значително ќе ја зголеми побарувачката за ова гориво.
Во рамките на проектот, Технип ќе биде водечки партнер за развој и давател на инженерски услуги, Ербас и Сафран ќе учествуваат како индустриски партнери и потенцијални купувачи на произведеното гориво, додека Тереос ќе го обезбеди напредниот етанол потребен за производство. Компаниите во соопштението нагласуваат дека заеднички го покриваат целиот вредносен синџир, од набавка на суровини до крајната употреба на гориво во воздухопловната индустрија.
Николоски вели дека немаме проблем со керозин, сме имале резерви за 90 дена
Формирањето на заедничката компанија се очекува во текот на втората половина од оваа година, по добивањето на сите потребни регулаторни одобренија, според соопштението на веб-страницата на Технип, пренесе Политика.рс.


