Ќе прогласи ли СЗО крај на пандемијата на коронавирусот?

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Светската здравствена организација вчера го одржа 14. состанок од почетокот на коронавирусот. Очекувањата од состанокот се прогласување на крај на пандемијата, а одлуката ќе биде соопштена на 30 јануари.

Се проценува дека поради значителни подобрувања во заштитата на луѓето од вирусот, преку брзи антигенски тестови, лекови и вакцини, Комитетот ќе прогласи конечен крај на пандемијата.

Дополнително, повеќе од две третини од светската популација досега примила најмалку една доза од вакцината против коронавирус. Исто така, симптомите на новодијагностицираните пациенти се многу поблаги од пред една година.

Сепак, иако е очигледно дека бројот на заразени лица во западните земји се намалува, како што нагласи и самиот генерален директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус, проблем останува состојбата во Кина, каде коронавирусот сè уште не стивнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот