Ќе се отворат пазарите на трудот во Србија и Албанија за македонските работници

Угостителски објекти. / Фото: EPA-EFE/MARTA PEREZ

На денешната седница Владата го утврди текстот на Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, кој има за цел да им овозможи на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан” остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји.

– На оваа седница е утврден е текстот на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од Северна Македонија, Албанија и Србија, ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во секоја од нив, соопштија од Владата.

Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан е резултат на иницијативата „Отворен Балкан” за поедноставување на процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот