Ќе се кратат временските рокови: Шведска и Финска ќе влезат во НАТО во наредните неколку месеци

Апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО/ Фото EPN / Newscom / Profimedia

Американската амбасадорка во НАТО Џулијан Смит изјави дека Шведска и Финска би можеле да се приклучат кон Алијансата во текот на „следните неколку месеци”.

Таа рече дека Алијансата ги поздравила барањата на Шведска и Финска и оти верува дека тие земји „ќе дадат голем придонес во НАТО алијансата”.

Џулијан Смит рече дека во последниве седмици членките на НАТО се обидуваат „да разгледаат начини на кои можат да ги скратат временските рокови околу процесот” за прием на двете земји во воената алијанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот