Ќе се градат нови патеки, детски игралишта и паркови во Скопје Север

Фото: Општина Бутел

Општина Бутел се со цел да им го подобри квалитетот на живот на граѓаните кои живеат во Скопје Север најавува изградба на нови патеки, нови детски игралишта, ново парковски уредување, изградба на ново кошаркарско игралиште како и уредување на паркинзите.

– Започнуваме со реконструкција и уредување на пешачките пристапни патеки до 15 станбени единици во Скопје Север. Исто така предвидени се две нови детски игралишта за најмалите како и едно кошаркарско игралиште. На неколку локации ќе се направи и парковско урбано уредување со ново зеленило, нови клупи и патеки. Од овој викенд ќе се започне со уредување и бележење на големите паркинзи во Скопје Север. Рамномерен развој на општина Бутел е наш приоритет – информираат од оваа скопска Општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот