Ќе предложиме Собранието да има помалку пратеници, најавува Мицкоски

Христијан Мицкоски/Фото/ МИА.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговата партија подготвува концепт кој вклучува намалување на бројот на пратениците во македонското Собрание.

„Размислуваме да предложиме концепт кој што цениме дека ако партиите во Собранието се искрени, би можеле да го прифатат. Од друга страна мислам дека граѓаните ќе го поздрават, а тоа е намалување на бројот на пратеници, бидејќи 120 е преголем број, да биде на пример 90, по словенечкиот модел. Истовремено да имаме и една изборна единица, вели Мицкоски во интервјуто во емисијата „360“ на ТВ Алсат, кое ќе биде емитувано вечерва

Мицкоски останува на ставот дека избори мора да има „веднаш и сега, но додава дека е „апсолутно свесен дека тоа не значи денес или утре, туку дека мора да почне да се размислува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот