Ќе поднесеме закон за укинување на техничката влада, најавува Мицкоски

Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Телма / 17 ноември 2021 / фото: ТВ Телма/принтскрин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето во вестите во ТВ, истакна дека од понеделник преку Собранието партијата ќе поднесе закон за укинување на техничката влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица. „Доколку сака Ковачевски да владее 12 години прво треба да победи на избори“, вели Мицкоски.

-Ќе поднесеме закон кој е веќе подготвен за измени на Законот за Влада, во којшто велиме дека е потребно да се избрише тоа коешто до сега го третираше техничката влада, нека се охрабрат еве Оливер Спасовски нели му го држи стравот на моменталниот премиер, ајде да излеземе на парламентарни избори еве вчера вели дека ќе владеел 12 години, ќе бил премиер кој ќе владее 12 години еве можност во скратен рок 45, до 60 дена да излеземе на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека треба да се види што мислат граѓаните, дали мислат дека Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Али Ахмети можат да ја водат државата или треба некоја друга политичка партија и некои други луѓе да ја водат Владата.

-Неодговорно е ако молчат, неодговорно е и Маја Морачанин, Павле Трајанов, Љупчо Ѓеоргиевски и Горан Милевски да поддржуват влада којашто е спротивно на желбата на мнозинската заедница во Македонија која политички дава поддршка на друга опција, затоа велам еве ги сите измени на маса, гласајте ги имате можност да одлучувате дали ќе бидете таму каде што сте 12 години или ќе заминете веднаш по тие парламентарни избори, вели Мицкоски.

Мицкоски исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара и за промена на Изборниот законик, односно за отворени преференцијални листи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот