
Ќе одекнат свадбените ѕвона: Јелена Розга ќе се мажи за Иван Хуљиќ, веќе ја испланирале и дестинацијата
Познатата пејачка Јелена Розга и Иван Хуљиќ, синот на композиторот Тончи Хуљиќ, ќе стапат во брак. Според ексклузивните информации на српскиот медиум „Курир“, свадбената церемонија ќе се одржи оваа есен во Сплит, каде што ќе бидат поканети околу 500 гости, вклучувајќи ги членовите на семејствата и блиските пријатели.
Препорачано
Но, тоа нема да биде единствената прослава. Идните младенци планираат и втора свадбена церемонија на егзотична дестинација. Сè уште не е одлучено дали тоа ќе бидат Малдивите или Бали, но се разгледуваат двете опции.
„Сè почесто се слушаат свадбени ѕвона кај Јелена и Иван. Таа долго чекаше да го најде вистинскиот човек и, конечно, го најде. Останува само официјално да објават кога ќе биде свадбата и да ги повикаат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов. Првично се зборуваше дека ќе се венчаат во лето, но сега изгледа дека свадбата ќе се одржи на есен“, открива добро информиран извор, близок до парот.

Познатата пејачка и Иван се зближиле за време на работата на нејзината песна „Од чега сам ја“, а тој ѝ бил голема поддршка и за време на нејзините настапи во Белград. Иако за нивната љубов се шпекулираше со години, досега немаше потврда за нивната врска, бидејќи и двајцата ја чуваа во тајност.
Минатото лето папараци ги уловија во Будимпешта, каде што уживаа во заеднички викенд. Држејќи се за раце и покажувајќи емоции, мислеа дека се незабележани, но сепак беа фотографирани.
Иако младенците сè уште не дале коментар за својата љубовна врска, таткото на Иван, Тончи Хуљиќ, даде свое мислење: „Јас нема да му се мешам на синот во кревет. Ако тоа е нивната среќа, ги поддржувам. Ако не е вистина, ништо страшно“.
Да потсетиме, Розга неодамна отворено зборуваше за љубовта што ја чувствува кон својот партнер.
„Веќе не сум соло играчка. Гледам во најубавите сини очи. Сè е многу полесно затоа што работиме истата работа. За мене сè на него е најубаво. Мајка ми го обожава, а и татко ми, стариот Розга, исто така. Тој е сличен на мене – опуштен, нормален и добар човек“, изјави таа за „Ин магазин“.

Розга е позната по тоа што ретко зборува за својот приватен живот. Претходно, таа беше во врска со музичарот Стјепан Хаусер, кој по раскинувањето имаше само убави зборови за неа.
„Соработката со неа беше феноменална, траеше две години. Тоа беше прекрасен период од мојот живот и нашата соработка секогаш ќе ми биде убаво сеќавање. Се запознавме во ‘Вестин’, се одржуваше избор за Мис на универзумот. Јас отидов на настанот за да гледам мисици, а потоа ја здогледав неа и ми беше подрага од сите нив. И така почна сѐ…“, изјави Хаусер во емисијата „Књазалиште“ на Хрватската радио телевизија.
Исто така, тој призна дека гласините за нивната наводна хомосексуалност го нервирале.
„Тоа се глупости. Многу ме нервираше тоа тогаш. Тоа беше вистинска љубов, живеевме заедно две години“, објасни хрватскиот виолончелист во истата емисија.
ВИДЕО | Бившиот на Јелена Розга: Зборуваа дека и двајцата сме геј, но тоа беше вистинска љубов