Ќе јадеме поскап леб

Profimedia
Леб, Фото: Profimedia

Цените на брашното, лебот и на белите печива ќе се зголемуваат и понатаму. Дел од приватните пекари веќе го направија зголемувањето на цените, но според мелничарите и увозниците, и оние што не го направиле тоа, наскоро ќе мора да ги зголемат цените.

Горан Малишиќ, претседател на мелничко-пекаркската индустрија при Стопанската комора, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека во моментов има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи.

– Цената на пченицата од почнувањето на пандемијата се зголеми за 20 проценти, а сега имаме ново драстично зголемување на цената во светски рамки. Штом се зголемува цената на пченицата, нормално е дека се зголемува и цената на брашното, потоа на лебот и на белите печива. Но, не е само растот на цената на пченицата причина за раст на овие цени. Цената на струјата за компаниите што одат на слободен пазар е зголемена 100 проценти, а и цените на амабалажите за пакување се зголемени за 40-тина приценти – вели Малишиќ.

Нашите потреби од пченица и од брашно, околу една третина се задоволуваат од увоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот