Ќе ја напуштам Алтернатива доколку партијата реши да оди со Левица, вели Скендер Реџепи

Фото: youtube/printscreen

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вечерва на ТВ21, каде гостуваше во дебата за последните политички случувања, истакна дека доколку неговата партија одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти.

Меѓу другото, тој додаде дека во тој случај најверојатно ќе го предаде и пратеничкиот мандат.

„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи на ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот