Ќе има протести и референдум ако властите отстапат од ставот кон С. Македонија, вели Џамбаски

Ангел Џамбаски
Ангел Џамбаски / Фото: Скриншот, Јутјуб

Доколку владата се повлече од официјалниот бугарски став за Република Северна Македонија, ВМРО ќе иницира национален референдум за ова прашање, соопшти европратеникот и заменик-претседател на крајнодесничарската партија, Ангел Џамбаски.

Според него, можната промена би го разнела бугарското општество и би довело до протести низ целата земја.

„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во парламентот да се однесуваат одговорно по прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција. Ако има и најмало навестување за повлекување, тогаш би го поставиле прашањето за свикување национален референдум на оваа тема“, истакна Џамбаски, цитиран од БНР.

ВМРО ги повика сите бугарски граѓани кои го поддржуваат нивниот став да дојдат пред Претседателството на 10 јануари за време на Советодавниот совет за национална безбедност, што ќе го свика претседателот Румен Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот