Ќе има и трета сезона „Squid Game“? Режисерот раскажа што ќе се случува во втората сезона

squid game season 2
Фото: Принтскрин / Instagram

Доаѓа повеќе игра со лигњи!

Режисерот Хванг Донг Хјук присуствуваше на интервју за корејскиот медиум „KBS“ за хит серијата на Нетфликс.

„Во моментов сум среде дискусии со Нетфликс за сезона 2 и сезона 3 на „Squid Game“. Мислам дека наскоро ќе дојдеме до некаков заклучок… знаеме дека многу луѓе чекаат, така што сите работат напорно за да се подготват за следната сезона со позитивна перспектива“, забележа тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by player 001 (@squid_gamenetflixx)

Тој исто така ги откри и основните детали од 2-та сезона.

„Фокусот на сезоната ќе биде приказната за ликот на Ли Јунг Џае, Сеонг Ги Хун, кој ги разоткрива мистериите на организацијата зад играта. Сеопфатниот заплет на 2-та сезона ќе биде приказна за луѓето што ги среќава Ги Хун и луѓето по кои тој брка“, објасни тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KdramafanArmyBlink (@kdramaarmyblink)

„Точно е дека разговараме за широк спектар на можности за „Squid Game“, вклучително и производство на третата сезона, но ништо сè уште не е подготвено“, потврди подоцна Нетфликс во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот