Ќе играат во групите на ЛШ, а потрошија само 2,5 милиони евра за три години

Шведскиот Малме во плеј-офот го елиминираа бугарскиот Лудогорец/Фото: EPA-EFE/Andreas Hillergren

Шведскиот шампион Малме обезбеди учество во групната фаза од Лигата на шампионите, откако по голема драма во плеј-офот, успеа да го исфрли бугарскиот Лудогорец (вкупно 3:2).

Малме на тој начин успеа да обезбеди огромни бонуси од УЕФА со минимални инвестиции во засилувања.

За самата групна фаза од Лигата на шампионите ќе профитираат 15,25 милиони евра, и ова ќе биде третпат од сезоната 2014/15, што Малме ќе биде во друштво меѓу 32 најдобри фудбалски клубови во Европа.

Се разбира, ова не е најголемиот успех на великаните од Шведска, тие беа финалисти на Купот на европските шампиони во 1979 година кога беа поразени од Нотингем Форест во Минхен (1:0), но нивните резултати во најсилното европско клупско натпреварување од тогаш беа далеку од добри.

Во меѓувреме, Малме двапати играше во нокаут фазата на Лига Европа, а сега се враќаат на „големата врата“ и со нетрпение ја чекаат жрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, која е на програмата во петок. Кој и да добијат, ќе бидат многу задоволни бидејќи заработија многу пари, сите со минимални инвестиции.

ВИДЕО: Малме ќе игра во Лигата на шампионите

Последните инвестиции беа Серхио Пена (Емен) и Мартин Олсон (Хекен), за што издвоија вкупно 1,5 милион евра, додека заработија 100 илјади повеќе на трансфери и така се во плус. Една година пред тоа, тие платија надомест само за Веjко Бирманчевиќ (Чукарички), милион евра, додека повторно профитираа малку повеќе од заминувањата на играчите.

Во сезоната 2019/20, тие не платија надомест за ниту еден играч, една година пред тоа, „лимитот“ повторно беше еден милион евра – за двајца играчи – Ердал Ракип и Ромен Гала – со тоа што тогаш заработија дури 5,5 милиони евра.

Последниот пат тие потрошија повеќе за играчи отколку што заработија во 2017/18 година. Потоа, пристигнаа Сарфо, Страндберг, Невин, Бинаку, Бачира и Далин за вкупно 5,30 милиони евра, а заработија 2,89 милиони. Може да се каже добро работат и трошат пари мудро во шведскиот Малме, и тоа им се враќа преку резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот