Ќе грми спектакл на „Драгао“: Македонија ќе игра пред 50.000 навивачи во Порто!

Португалците ќе имаат голема поддршка на стадионот „Драгао“ во Порто/Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Еден ден по завршувањето на полуфиналните дуели од баражот за пласман на Светското првенство, португалските навивачи ги купија и последните билети за финалето против Македонија во вторник (29 март, 20.45 часот) за пласман на Светското првенство во Катар.

Нашата најдобра репрезентација успеа со 0:1 во Палермо да ја елиминира Италија, а со 3:1 на домашен терен во Порто, Португалците со 3:1 беа подобри од Турција.

Играчите предводени од селекторот Фернандо Сантош играа против Турците пред скоро 50.000 навивачи на стадионот „Драгао“, а така ќе биде и на дуелот со Македонија.

Се очекува да биде спектакл каков што знаат да организираат Португалците кои секако ќе ја имаат фаворитската улога и плус играат на домашен терен.

Но, во таква ситуација беше и актуелниот европски шампион Италија, па на крајот беше елиминирана од Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот