„Ќе го видите нашиот гнев“: Борисов се сретна со мајката на тепаниот Пендиков

Фото: Јутјуб/принтскрин

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, изјави дека лично ќе го запознае претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер и претепаниот Христијан Пендиков од Охрид, јави репортер на БГНЕС.

Борисов се сретна со мајката на Пендиков во седиштето на ГЕРБ. Тој истакна дека оваа средба треба да послужи како јасна порака до македонските власти.

– Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе бараме тепањето против него да биде осудено на европско ниво – рече Борисов.

Тој ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи – да направат сè за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето. Само така РСМ ќе докаже дека е правна држава, нагласи Борисов.

Тој потсети дека Бугарија најмногу ѝ помогнала на Македонија, но во Скопје треба да внимаваат „да не ги налутат Бугарите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот