ВИДЕО | Ќе ги заменат Кардашијан: Семејството на Силвестер Сталоне сними реално шоу

Силвестер Сталоне, Џенифер Флавин и Систин Сталоне
Силвестер Сталоне со сопругата Џенифер Флавин и нивната ќерка Систин Сталоне на Канскиот филмски фестивал / 24 мај 2019 / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Американскиот актер Силвестер Сталоне и членовите на неговото семејство ќе бидат главните ѕвезди во новата документарна серија „The Family Stallone“ („Семејството Сталоне“), која ќе почне да се емитува оваа пролет на „Парамаунт плус“, пишува „Пипл“.

Имено, „Парамаунт плус“ во четвртокот ја најави новата документарна серија од осум епизоди, во која ќе се појават Силвестер Сталоне, неговата сопруга Џенифер Флавин Сталоне и нивните три ќерки – Систин (26), Софија (24) и Скарлет (20).


Дополнително, тие објавија и рекламен спот во кој се прикажани актерот и неговите ќерки, како се качуваат на „планината на забавата“.

Како потсетување, Сталоне и Флавин стапија во брак во 1997 година. Иако важеа за еден од најскладните парови во Холивуд, во август минатата година тие најавија дека ќе се разведат.

Гласините за разводот започнаа кога Флавин сподели фотографија со трите ќерки и напиша: „Овие девојки ми се приоритет. Ништо друго не е важно. Само ние четири засекогаш“.

Меѓутоа, само еден месец подоцна, тие ги надминаа нивните брачни проблеми и го прекинаа разводниот процес.

Тогаш Сталоне објави фотографија на која двојката се држи за раце, со што даде знак дека повторно се заедно со сопругата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Повеќе на темата:

Сталоне се разведува по 25 години брак, тетоважата со ликот на сопругата ја прекри со куче

Ги збуни обожавателите: Сталоне објави романтична фотографија со сопругата по веста за разводот

„Ми се отворија очите“: Сталоне откри како го спасил 25-годишниот брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот